Доколку си заинтересиран за градење на својата кариера во ЕВН Македонија, погледни ги отворените огласи за вработување, аплицирај веднаш и стани дел од нашиот тим!
ЕВН Македонија, како дел од интернационална групација на компании, нуди можност за професионална надрадба и напредување, како и флексибилна работа по највисоки стандарди.
„Идна генерација на ЕВН“ е програма за студенти или неодамна дипломирани кандидати, со можност за трајно вработување во ЕВН Македонија по истекот на програмата.
Повеќе од 10 години, ЕВН Македонија нуди пракса во времетраење од еден месец, со можност за понатамошно вработување за најперспективните студенти.
Стани стипендист и развивај ја својата кариера во ЕВН Македонија. Стипендијата е достапна за студентите и студентките од енергетските насоки на електротехничките факултети.
Програмата за дуално образование на ЕВН Македонија претставува решение за предизвиците со недостаток на стручен кадар, преку доближување на реалните потреби на пазарот на труд до образованието.
Повик за сите ученички од трета или четврта година од сите средни училишта да се пријават на предизвикот за развој на вештини, со можност да освојат годишна стипендија!