Сите услуги на едно место

Кориснички податоци

Промена на корисник

Преземи го формуларот
Купивте нов стан? Го издавате имотот? Ја продадовте куќата? Наследивте имот од роднини? Направете промена на корисник и евидентирајте го местото на потрошувачка на соодветниот корисник на електрична енергија. Пополнете го формуларот и потпишан заедно со наведената документација доставете го во најблиската приемна канцеларија.

Зошто да извршам промена на корисник?

1

Имате законска обврска до 60 дена од настанувањето на промената.

2

Добивате поквалитетна услуга при користење основни услуги (фактурирање, плаќање, отстранување дефекти).

3

За имот под закуп фактурите гласат на име на корисникот наместо сопственикот.

Ажурирање на лични и адресни податоци

Преземи го формуларот
Доколку имате измена или грешка во податоците во вашата фактура, или пак имате барање за промена на местото на достава, ова е услуга за вас. Пополнете го барањето и поднесете го во најблиската приемна канцеларија.

Со ова барање можете да побарате:

1

Корекција на податоците на корисник и на адреса на место на потрошувачка

2

Промена на адреса на достава на фактури

3

Промена на јазик на фактура (македонски / албански)

Совети за штедење

Потребни ви се совети за заштеда на електрична енергија во вашиот дом или бизнис? Со избор на соодветна технологија и разумно користење на уредите можете да направите вистинска разлика во фактурите!

Готвење и прехрана

Доколку сте во можност,приготвувајте повеќе оброци одеднаш за целата фамилија. На тој начин ќе заштедите електрична енергија и готвењето нема да ви одземе многу време.

Готвење и прехрана

За да не ја загубите топлината, секогаш користете садови за готвење со големина која одговара на големината на грејната плоча.

Готвење и прехрана

Садовите покривајте ги со капак, така полесно ќе ја задржите топлината и ќе го редуцирате времето потребно за приготвување на храната.

Готвење и прехрана

Одмрзенете ја храната пред да ја вклучите печката.

Готвење и прехрана

За оброци на кои им е потребно подолго време за приготвување, користете садови за готвење на пареа. Исто така важно е да знаете дека темните метални форми го забрзуваат процесот на печење, додека глинените го забавуваат.

Готвење и прехрана

При подготвка на храната не ја отворајте вратата од печката непотребно. Со секое отворање, температурата се намалува за 25°C. Печката исклучете ја 10 минути пред да е готово јадењето.

Готвење и прехрана

Доколку не е неопходно да го вклучите електричниот шпорет, користете ја микробрановата печка за приготвување или загревање на оброците. Така ќе ја намалите потрошувачката на енергија и ќе забрзате процесот на приготвување на некои оброци.

Перење

Доколку ги перете алиштата на пониска температура, може да заштедите и до 40% повеќе енергија во споредба со другите програми за перење на повисока температура.

Перење

Доколу перете облека со полесни дамки, користете ја еко програмата на вашата машина за перење. На тој начин можете да заштедите електрична енергија и вода.

Перење

Машината за перење алишта троши еднакво количество на енергија кога е полна или полупразна. Затоа, обидете се да ја користите само тогаш кога ќе соберете доволно алишта за да ја наполните во целосен капацитет.

Перење

Ја користите истата машина за перење повеќе од 10 години? Можеби е време за нова. Инвестиција во нова енергетски ефикасна машина за перење алишта значи и намалување на трошоците за струја. Поновите модели можат да ја намалат потрошувачката на енергија до 30%, односно потрошувачката на вода и до 50%.

Перење

Доколку користите машина за сушење на алишта, обидете се да ја оптимизирате потрошувачката на енергија со тоа што ќе ги исцедите алиштата пред да ги ставите во машината за сушење.

Перење

Редовно чистете ги филтрите на вашата машина за сушење алишта. Со месечно чистење на филтрите ја зголемувате циркулацијата на воздух во машината и да го намалувате времето потребно за да се исушат вашите алишта.

Ладење и греење

Не дозволувајте топлината да избега од просторијата која ја загревате. Вложете во добра изолација и заштедете енергија.

Ладење и греење

Дозволете просторијата да се проветри. Вратите и прозорците отворајте ги често, но погрижете се ова да е краткотрајно. Накосо отворениот процорец е лош регулатор на воздухот, а ја зголемува енергијата потребна за затоплување на просторијата.

Ладење и греење

Филтрите на вашиот клима уред треба да се чистат редовно. Покрај тоа што е добро за вашето здравје, со редовно чистење на филтрите може да заштедите и до 15% електрична енергија во процесот на ладење и греење.

Ладење и греење

Не дозволувајте влез на сончева светлина преку прозорците во летниот период. На тој начин полесно ќе можете да ги изладите просториите во вашиот дом или канцеларија. И обратно, во зима погрижете се прозорците да не бидат покриени за да може сончевата светлина да помине низ нив. Така ќе ја намалите потрошувачката на електрична енергија потребна за да го загреете вашиот дом или канцеларија.

Електронски уреди

Некои електронски уреди трошат електрична енергија и кога не се во употреба. Односно, полначот од вашиот телефон, лапотот или таблет и по целосно полнење на батериите се уште троши електрична енергија. Затоа, идеално е уредите кои не ги користите целосно да ги исклучите од струја.

Електронски уреди

Доколку не го гледате, исклучете го телевизорот. Просечната потрошувачка на еден колор телевизор во stand-by е 73KWh.

Електронски уреди

При загревање на вода, електричниот бојлер троши голема количина на електрична енергија. Затоа, најдобро е да го вклучите бојлерот само пред негова употреба. Внимавајте и колку вода трошите, бидејќи потрошувачката на вода ја зголемува и целокупната потрошувачка на енергија во домаќинството.

Електронски уреди

При купување на електричен бојлер обрнете внимание на топлинската изолација на уредот.

Електронски уреди

Обидете се да го поставите ладилникот во просторија со пониска температура. На тој начин енергијата која ја троши за ладење ќе биде помала.

Осветлување

Осветлувајте ги само оние простории кои ги користите. Доколку ја напуштите просторијата на подолго од 10 минути, не заборавајте да ги изгасите светилките.

Осветлување

Користете енергетско ефикасни светилки со кои можете да заштедите електрична енергија. Една штедлива светилка од 20 вати ја осветлува просторијата со речиси ист интензитет како и светилка од 100 вати. Разликата ќе ја забележите само во вашата фактура за електрична енергија.

Осветлување

ЛЕД светилките траат и до 25% подолго, а со нив можете да заштедите и до 80% повеќе електрична енергија при осветлување на вашиот дом или канцеларија.

Осветлување

Искористете ја на природна светлина во текот на денот. Тоа е клучен фактор во заштедата на електрична енергија во вашиот дом или канцеларија. Со пропуштање на сончева светлина во текот на денот, можете значително да ја намалите дневната потрошувачка на електрична енергија

Осветлување

Доколку го осветлувате вашиот двор, користите светилки со понизок напон, соларни светилки, или пак инвестирајте во светилки со сензори за движење. На тој начин ќе го осветлите дворот, но ќе ја намалите потрошувачката на електрична енергија.

Паметно осветлување

ЛЕД паметните сијалици се за 75% поефикасни од обичните, имаат опции за затемнување и вклучување/исклучување на сензор што може да заштеди дополнителни 40%

Паметни термостати

Овие уреди нудат опција за мониторинг и подесување на температурата во домот кога сте отсутни. Тие можат автоматски да го исклучуваат греењето и ладењето кога истото не е потребно.

Паметни штекери

За било кој уред вклучен во ваков штекер можете да направете распоред за автоматско вклучување и исклучување (на пример електрични греалки, сијалици, итн). Искористете ја опцијата за мониторинг на потрошената енерија на уредот и прилагодете ги навиките на користење за поголеми заштеди.

Целосно паметен дом

Постепено надградувајте го домот со различни компатибилни паметни уреди кои кога се прилагодени да работат синхронизирано можат да постигнат огромни заштеди и удобност на живеењето. Сензори за движење, камери, осветлување, штекери, термостати и различни апарати за домаќинство се само дел од уредите кои на пазарот можат да се најдат со паметна опција.

Енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност во домот

Енергијата вреди - треба да се штеди! Погледнете ги сите содржини од последната кампања за штедење енергија, наменета за домаќинствата. Насоки како да се направи план за штедење во домот, конкретни совети за штедење, информации за тарифите, паметен дом и други корисни информации.
Дознај повеќе

Енергетска ефикасност во бизнисот

Нашиот тим експерти на бизнис корисниците им нуди повеќе услуги за унапредување на енергетската ефикасност на бизнисите. Побарајте ги услугите Енергетски извештај, Енергетска ревизија и Систем за управување со енергија .
Дознај повеќе

Електромобилност

Електромобилност со ЕВН

Имате електричен автомобил или бизнис што би имал придобивки од поставување на полнач за електрични возила? ЕВН реализира проект за поттикнување на електромобилноста.
Дознај повеќе