Идна генерација

Програмата „Идна генрација на ЕВН“ е еден од најдолгорочните и најуспешни проекти за вработување на инженери на почетокот на кариерата во компанијата. За успехот најмногу зборува фактот што досега над 200 учесници се вработени преку оваа програма, а некои станаа и дел од раководните структури на компанијата. Програмата предвидува вработување на студенти во последната студиска година или неодамна дипломирани кандидати со можност за трајно вработување по истекот на програмата.

Специјализација и менторство

Учесниците во програмата специјализираат во одредена област во согласност со образовниот профил и ротираат низ повеќе организациски единици под континуиран надзор од ментори кои се искусни професионалци.

Работа на терен и работни задачи

Учесниците се вклучуваат во редовните работни процеси преку конкретни активности и задачи, како дел од тимот во организациската единица каде што припаѓаат. Тие така имаат можност за краток период да ја запознаат компанијата и корпоративната култура, да учествуваат во повеќе поврзани процеси и да се здобијат со значајно искуство и вештини.
На крајот на програмата постои можност за вработување на најдобрите учесници.

Доколку сметате дека имате потенцијал и желба за високи постигнувања пријавете се на [email protected] или на [email protected]


Политика за приватност