ЕВН Македонија, како и друштвата каде што таа е единствен/мнозински содружник (понатаму во текстот ЕВН) го почитува Вашето право на приватност. ЕВН има сериозен пристап кон заштитата на Вашите личните податоци и поради тоа се придржува при исполнување на законските обврски за заштита на податоците.
ЕВН го задржува правото на промена на политиката на приватност врз основа на настанати законски измени или врз основа на техничко усовршување на системите. Актуелната верзија на политиката на приватност на ЕВН секогаш е поставена на evn.mk.
Контролор на личните податоци
ЕВН Македонија
ул. „Лазар Личеноски“ бр. 11
1000 Скопје
[email protected]
Офицер за заштита на лични податоци
Ана Атанасовска
ул. „Лазар Личеноски“ бр. 11
1000 Скопје
[email protected]
Обработка на лични податоци
ЕВН ги обработува (собира, евидентира, организира, чува, брише итн.) само оние лични податоци кои се во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, а се добиени во рамки на деловна соработка или за исполнување на договорни обврски. Дополнително обработуваме податоци кои се јавно достапни, добиени од јавно достапни збирки и адресари. Под лични податоци подразбираме податоци кои директно или индиректно се однесуваат на физичко лице, а со кои може да биде идентификувано.
Лични податоци кои се обработуваат во ЕВН се: име и презиме, адреса, контакт податоци (е-пошта, телефонски број), податоци од договорот (ЕМБГ), податоци од уредите (број на корисник, број на мерно место, состојба на броило), односно податоци со кои сме обврзани да ги исполниме законските обврски кон корисниците. Дополнително може да обработуваме податоци како број на трансакциска сметка, но овој податок се користи за конкретна цел на исплата на средства и нема да биде сочуван за понатамошна употреба.
Цели на обработка на личните податоци
Ние ги обработуваме личните податоци за следните цели и врз основа на следнава регулатива:
- Обработка на лични податоци базирана на дадена писмена согласност од страна на корисникот согласно член 10 став 1 алинеја 1 од ЗЗЛП. Оваа согласност се дава од страна на корисникот за една или повеќе конкретни цели на обработка и може да биде повлечена во секое време на барање на корисникот.
- Обработка на лични податоци за исполнување на договорни обврски согласно член 10 став 1 алинеја 2 од ЗЗЛП. Оваа согласност е базирана на склучен договор, во кој корисникот е договорната страна односно е потребно да се преземат активности на барање на корисникот пред да се пристапи кон склучување на договорот.
- Обработка на лични податоци за исполнување на законска обврска на ЕВН согласно член 10 став 1 алинеја 3 од ЗЗЛП. ЕВН подлежи на законски обврски при обработка на личните податоци на своите корисници. Овие обврски се претставени во:
- Закон за енергетика
- Правила за снабдување со електрична енергија
Повеќе околу Вашите права при обработка на личните податоци може да добиете на горенаведените контакт податоци.
Споделување на личните податоци
ЕВН може да ги сподели Вашите податоци со трети лица само доколку е потребно да се исполнат договорните или законските обврски, за осигурување на нашите легитимни интереси или во рамки на веќе дадена согласност од страна на корисникот. Вашите податоци можат да бидат доставени на:
- организации за кои сте ни доставиле писмена согласност
- обработувач на лични податоци, со кој ЕВН има склучено договор за соработка (пр. пошта за достава на фактури и дописи, мерење на задоволството ка услугите, ИТ услуги за оддржување и слично)
- органи на државна власт односно државни органи и институции основани согласно Уставот на Република Северна Македонија или друг закон
Секое споделување на личните податоци на корисниците во ЕВН и надвор од ЕВН се врши согласно ЗЗЛП односно се преземаат сите технички и организациски мерки за заштита од можен ризик на неовластен пристап до податоците.
Чување на личните податоци
Личните податоци се чуваат за времетраење на соработката помеѓу корисникот и ЕВН односно додека постои одредена правна постапка или друг процес заради кој податоците би биле предмет на обработка. Личните податоци се чуваат само за конкретна цел на обработка.
Заштита на личните податоци
ЕВН применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, менување, неовластено откривање и пристап и заштита од било каква незаконска обработка.
Пристап до личните податоци имаат единствено лица кои имаат овластување за пристап. И покрај сите преземени мерки, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет не може да биде комплeтно сигурен и не можо да се гарантира апсолутна заштита на било која информација пренесена на или од нашата веб страна (апликација).
Право на пристап
Корисникот има право да побара од ЕВН:
- пристап до неговите/нејзините личните податоци или информација кои лични податоци ЕВН ги обработува односно кои категории на лични податоци
- целта заради која ги обработува,
- исправка на личните податоци
- ограничување на обработката на личните податоци, доколку личните податоци се обработуваат согласно член 10 став 1 алинеја 1
- право на бришење на личните податоци (право да се биде заборавен) доколку личните податоци не се потребни повеќе за обработка или биле незаконски обработувани.
Барањето се доставува во е-форма на адресите [email protected] или [email protected]. Доколку корисникот смета дека одредени права не се исполнети односно се загрозени може да се обрати до Агенцијата за заштита на лични податоци.
Профилирање
ЕВН не врши автоматска обработка на личните податоци за цели на проценка на лични аспекти на корисникот, анализа или предвидување на одредени состојби или активности, согласно член 26 од ЗЗЛП.