ЕВН Македонија веќе 10 години доделува стипендии за студентите и студентките од енергетските насоки на електротехничките факултети. ЕВН беше првата енергетска компанија што започна со доделување на стипендии на студенти од ФЕИТ и УКЛО пред повеќе од 10 години. Досега се доделени над 50 стипендии, и дел од стипендистите веќе ја развиваат својата професионална кариера во ЕВН. Со овие активности интересот за наставните насоки кои се поддржани од ЕВН од година во година е сѐ поголем, а со тоа и бројот на стручни кадри кои се иднината на развојот на енергетиката во земјава.
Исто така, како дополнителен ангажман, по отворањето на Изложбениот центар „Матка“, дел од стипендистите се вклучени и во водењето на едукативните посети во музејот.
При доделувањето на стипендии се овозможуваат еднакви можности и правичен третман на сите, без оглед на нивниот пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.
Целта на програмата е да се мотивираат младите да го продолжат своето образование во енергетскиот сектор, а воедно и да се развие човечкиот капитал и неговиот квалитет во оваа област. Потенцијални приматели на стипендијата се талентирани студенти и студентки што успешно ја започнуваат студиската година на факултетите каде што постои електроенергетска наставна насока и ги исполнуваат поставените критериуми.
Критериуми за аплицирање:
- студенти или студентки на техничките факултети
- запишани во било која студиска година, влучително и прва година
- успешно полагање на испитите од актуелната студиската година
- просек
Програмата за стипендии „ЛОСТ“ е наменета за студентки и студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електротехничките факултети во земјава. Преку оваа програма ЕВН одвојува по 10.000 денари месечно за секој од учесниците и овозможува учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.
Критериуми за аплицирање:
- студенти од електротехничките факултети кои во учебната 2024/2025, зимски семестар, се запишале по прв пат во I, II, III и IV година,
- студентите да се од семејство со ниски месечни приходи (во рамките на семејството, родители/старатели и кандидатот за 2023 година по сите основи да не се надминува бруто износ од 800.448,00 денари годишно,
- студенти кои не се корисници на друга стипендија или кредит.
Аплицирањето е во тек! Кликнете тука за повеќе информации
Сите заинтересирани своите прашања и апликации можат да ги испратат електронски на [email protected].
Повеќе информации за начинот на обработка на личните податоци и остварување на Вашите правата за заштита на лични податоци можете да добиете во Политиката на приватност при аплицирање за стипендија.