Во формата подолу можете да аплицирате за работа без да има отворен оглас за позиција со вашите квалификации. Нашиот тим ќе ја обработи вашата апликација и ќе бидете дел од нашата база на потенцијални кадидати за сите идни отворени работни позиции.
Семејството компании на ЕВН се дел од реномирана интернационална компанија со седиште во Австрија, од областа на енергетиката и услуги поврзани со животната средина со долгогодишно искуство на пазарот. Да се биде вработен во ЕВН, значи можност за размена на знаење и искуства со колегите од целата групација и потенцијални можности за мобилност на кадар низ групацијата.
Компанијата располага со современ возен парк, нова управна зграда со највисоки стандарди за работа и реновирани работни простории на КЕЦ објектите низ државата.
Највисок приоритет претставува здравјето и безбедноста на вработените, па така, за време на пандемијата, комапнијата воведе „Ковид“ протоколи за работа, и работните процеси беа прилагодени со цел максимално заштитување на здравјето на вработените. Вработените кои работат на терен располагаат со целосна заштитна опрема и алат, и поминуваат низ задолжителни технички обуки и обуки за работа под напон. Во 2017 година воведена е програмата „Health@EVN“ која во фокусот важни аспекти на личното здравје на вработените. Програмата е составена од низа едукативни активности, вежби на работното место, но и настани како традиционалната хуманитарна трка за вработени „EVN Run“.
ЕВН е прва компанија во државта која во 2017 година воведе систем за флексибилно работно време, и веднаш по почетокот пандемијата за многу кратко време ја прилагоди организацијата и инфраструктурата за да им овозможи на вработените извршување на работните задачи од далечина онаму каде што природата на работата тоа го дозволуваше. Флексибилното работно време на вработените им дава поголема слобода во организацијата на извршувањето на работните задачи, и претставува втемелен и функционален концепт во корпоративната култура.
Сите вработени ги уживаат сите права кои се предвидени од колективниот договор на стопанството, енергетиката како и колективниот договор на друштвото што предвидува значително повисоки работнички права од националниот стандард.
Секој вработен е дел од рамна организациска структура во која има различни можности за градење на корпоративна кариера и напредување по хоризонтална и вертикална линија во организацијата. Сите вработени имаат пристап до стручни обуки и можност за професионално и стручно надградување.
Компанијата дава можност за развој на кариерниот пат и како експерт и како раководител како и работа на мултидисциплинарни и интернационални проекти.
ЕВН особено внимание посветува на намалување на јазот помеѓу мажите и жените кои работат во областа на електротехниката и затоа веќе подолго време спроведува сеопфатна програма за поттикнување на жени во електротехниката но и на разбивање на родови стереотипи. Исто така, при вработувањето за сите работни позиции, полот како критериум за вработување не постои.
Работните процеси се автоматизирани со низа информатички алатки што на вработените им дава можност да ги користат најсовремените информатички системи за работа. Со ова тие имаат можност да бидат и понатаму конкурентни во областа во која работат и постојано да го надоградуваат своето информатичко познавање.
ЕВН посветува посебно внимание на поттикнување на волонтерството кај своите врабптени преку програмата „ЕВН Волонтира“ воспоставена во 2017 година. Досега реализирани се повеќе од 50 волонтерски акции во сите градови и населени места, а се вклучија повеќе од 500 вработени. Реализираните проекти вклучуваат реновирање на училишта, градинки и установи за згрижување на посебни категории на граѓани, поправка на оштетена електрична инсталација, уредување на јавни зелени површини, чистење и селекција на отпад, организирање на едукативни работилници за деца, пренос на знаење, готвење и слично. Уникатноста на програмата е во тоа што воспоставува системско решавање на волонтерството во компанијата, овозможувајќи платено отсуство на вработените при реализација на волонтерската активност.