Изјавата за приватност дава детални информации за обработката на личните податоци кои ЕВН Македонија АД Скопје, како и друштвата каде што таа е единствен/мнозински содружник (понатаму во текстот Контролор), ги собира од вас при посетата на деловните простории.
Зошто се обработуваат личните податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор за цели на:
-
контрола на пристапот до објектите на Контролорот и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедност на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
-
за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
-
да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пр.пожар, физички напад и сл.).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивно присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.
Камерите за видеонадзор се инсталираат согласно претходно изготвен план и се поставени и фокусирани така што снимаат само лица кои ќе пристапат до деловните простории и објекти, вклучително и имотот (влезните и излезните места на зградата, влезните места во зградата, гаражата и надворешна површина на зградата).
Какви податоци собира Контролорт?
Контролорот собира само видео снимки од камерата, не врши тонско снимање.
Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видеонадзор заради:
-
заштита на животот или здравјето на луѓето;
-
заштита на сопственоста;
-
заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата;
-
обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории само за безбедносни цели.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
На секој влез кај Контролорот има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот, кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на конторолот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
Кој може да ги види моите лични податоци?
Пристап до видео записите имаат само овластените лица за видеонадзор односно вработени лица од одделот Управување со објекти и логистика, со дадено овластување за пристап до видео надзорот во реално време. Истите привилегии за некои објекти имаат и овластени лица од ангажирана Агенција за приватно обезбедување, со која Контролорот има потпишано рамковна спогодба. Пристапот до дигиталниот уред односно медиумот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците – пристап со внес на лозинка, евиденција на секој овластен пристап од вработените, со претходно дадено одобрение.
Како да пристапите до вашите податоци?
Секоја информација околу обработката на личните податоци може да се добие со доставување на писмено барање на [email protected].
Промена на собраните податоци
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Ограничување на обработката на личните податоци
Обработката на личните податоци може да биде ограничена во секое време, со доставување на барање на [email protected], доколку ја оспорувате точноста на вашите лични податоци или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на задачите. Обработката може да биде исто така блокирана и кога работењето е незаконско и се спротиставувате на бришењето на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во случај на службена истрага.
Бришење на личните податоци
Имате право да побарате бришење на личните податоци, во секое време, со испраќање на барање на [email protected], доколку сметате дека обработката е незаконска.
Споделување на личните податоци со трети лица
Вашите податоци се чуваат кај Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Право на приговор
Да, имате право на приговор и да се спротиставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на [email protected], кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта и да побарате да превземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте го нашиот Офицер за заштита на личните податоци на [email protected]
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Податоците се чуваат на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ги чува вашите лични податоци 30 календарски дена по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.