Вработени и едукација

ЕВН посветува особена грижа на своите вработени. Низ годините спроведени се голем број успешни проекти во доменот на одговорноста кон вработените.

Тренинг центар Македонски Брод

Природата на нашата дејност е специфична и ги изложува вработените на различни ризици и предизвици. Затоа една од нашите најсилни заложби е грижата за здравјето и безбедноста на вработените. Во Македонски Брод изградивме современ тренинг центар со цел најсоодветно да ги подготвиме вработените да се справат со предизвиците од нивното секојдневие.

Целосно опремени се над 2.500 m2 надворешен простор и 550 m2 внатрешни простории. Содржините вклучуваат: надворешен полигон за вежби со нисконапонска и среднонапонска мрежа, компактна трафостаница, мерни ормари, изложбен простор со материјали за инсталација во мрежа, просторија со надгледни едукативни средства и опрема за заштита и здравје при работа, информативни експонати за заштита на животна средина, училници и заеднички простории за престој и хигиена.

Вработените од целата држава, како и учиниците од техничките училишта, со користење на современи едукативни содржини се стекнуваат практични вештини и знаења во областа на електротехниката, со посебен акцент на квалитетот и безбедноста при работа. Исто така, во тренинг центарот, редовно се спроведуваат проверки на знаење, со цел да се осигураме дека нашите вработени константно напредуваат и ги унапредуваат своите вештини.

Со децата на работа

ЕВН еднаш во годината ги отвора вратите за децата на своите вработени. Во текот на летниот период, по завршувањето на школската година, децата на вработените ги посетуваат работните места на своите родители.
Едукативната програма „Со децата на работа“ се организира од 2016 година, на територијата на целата држава, во сите организациски единици и компании во рамки на семеjството компании на ЕВН.

Годишно во програмата се вклучуваат по околу 200 деца кои имаат можност да поминат 8 часа во работните простории на родителите, да учествуваат на едукативни работилници, да прават експерименти, да се дружат и забавуваат. Децата имаат можност да го посетат и изложбениот центар „Матка“.



ЕВН Волонтира

Програмата „ЕВН Волонтира“, која почна летото во 2017 година, предвидува мобилизирање на вработените од компанијата во реализација на проекти за унапредување на квалитетот на животот во локалните заедници. Целта на програмата е двослојна – поттикнување на волонтерството во државата и волонтерскиот дух кај вработените, но и придонес кон општеството.

Активностите се реализираат во сите градови и населени места, а во проектот досега се вклучија повеќе од 600 вработени. Трудот на вработените е насочен кон реновирање на училишта, градинки и установи за згрижување на посебни категории на граѓани, поправка на оштетена електрична инсталација, уредување на јавни зелени површини, чистење и селекција на отпад, организирање на едукативни работилници за деца, пренос на знаење, готвење и слично. Уникатноста на програмата е во тоа што воспоставува системско решавање на волонтерството во компанијата.

Флексибилно работно време и други проекти

ЕВН на вработените им нуди низа придобивки и услови за работа на вработените. Прочитајте повеќе во делот за Кариера.