Комуникацијата со нашите добавувачи ни е приоритет! Заедно обезбедуваме квалитетно и навремено снабдување.
Постапките за набавки ги реализираме:
- преку сопствен онлајн портал или
- преку електронскиот систем за јавни набавки на Р. С. Македонија - ЕСЈН
Онлајн порталот за набавки е веб-базиран, т.е. не е потребен дополнителен софтвер за користење од страна на понудувачите, односно доставување понуди.
Регистрираните понудувачи:
- можат, самостојно во секое време, да ги ажурираат сопствените податоци, како комплетното портфолио на испорака на стоки, извршување на услуги и работи, сертификати, одобренија, лиценци, каталози и слични документи на понудувачот, со што истите стануваат достапни на онлajн порталот;
- треба редовно да ги ажурираат административните податоци и податоците на лицата за контакт;
- имаат можност да бидат поканети за учество во постапки за набавки (прибирање на понуди).
Доколку сакате да станете наш потенцијален снабдувач можете да се регистрирате бесплатно, креирајќи профил на компанијата. Погледнете ги деталните упатства за понудувачите за:
Oбјавените огласи за набавки на онлајн порталот може да ги погледнете на следниот линк и може да побарате документација за да бидете поканети за учество во конкретна набавка:
Доколку сте заинтересирани за огласи на Електродистрибуција посетете го следниот линк:
За сите потребни дополнителни информации, контактирајте го тимот на Набавки и Материјално работење на [email protected] или на +389 2 3205 000.
Постапките за јавни набавки може да ги погледнете на:
Високиот квалитет во целиот синџир на набавки е основата на сите набавки на сите стоки, услуги и работи, на сите инволвирани во целиот синџир на набавки.
Заедно со нашите добавувачи сме посветени на развој на иновативни решенија за нашите потрошувачи, со користење на сите неопходни средства, на најдобар начин. Оттука, во сите наши активности за набавки особено го акцентираме принципот на еднаков пристап, фер деловни практики и отворен дијалог.
Наши водечки начела се:
- слободна и фер конкуренција
- еднаков третман на сите конкуренти
- доверливост во текот на деловната трансакција
- профитабилност
- транспарентност и документација на резултатите
- заштита на животната средина
- социјална одговорност
- почитување на човековите права и безбедноста на работниците
- одржливост на синџирот на снабдување
Нашето одржливо спроведување на сите процеси на набавки е обезбедено преку стратешко управување со снабдувачите. На пример, нашиот систем за управување со снабдувачи дефинира процедури за справување со ESG ризиците кај снабдувачите, а во врска со дефинираните групи на производи/ стоки/ услуги/ работи, започнувајќи од условите и критериумите за доделување на договор за набавка.
Нашата клаузула за интегритет за снабдувачите ги дефинира упатствата за одржливи набавки и одговорностите и должностите на снабдувачите во овој контекст. Клаузулата за интегритет, која е обврзувачка за сите снабдувачи е достапна на нашата веб-страница за сите инвеститори, инвестициски и корпоративни партнери, снабдувачи, изведувачи и засегнати страни.
Дали имате било какви прашања во врска со функционалноста на нашиот онлајн порталот за набавки или процесите на набавки на компанијата?
Со задоволство ќе ви помогнеме!
✉ [email protected]