Ние придаваме огромна важност на интегритетот и почитување на законите од страна на сите вработени. Воведувањето на системoт за усогласеност треба да обезбеди континуирано придржување кон овие стандарди. Спроведуваме континуирани обуки за да ги пренесеме вредностите и високите етички стандарди на компанијата до сите вработени. Секој вработен поминува задолжителен циклус на обуки со особено внимание на корупција, заштита на податоци, дискриминација и вознемирување и слободна конкуренција.
Менаџментот и вработените во ЕВН имаат далекусежна одговорност и треба да служат како пример за однесување. Заради оваа причина, развивме Кодекс на однесување на ЕВН, кој ги дефинира и сумира принципите и насоките кои се основа на одговорно однесување за луѓето со интегритет.
Погледнете го кодексот тука, а политиката за човекови права на овој линк.
Со својата постапка за укажувачи, ЕВН нуди можност да пријавите индикации за прекршоци од областа на усогласеност. Оваа постапка е важен дел од системот за управување со усогласеноста. Офицерот за усогласеност е одговорен за обработка и проверка на информациите обезбедени во рамки на законските барања. Информациите што ги давате и Вашите лични податоци ќе се третираат како строго доверливи.
Имајте предвид дека овој систем на укажувачи е наменет за прекршоци од Кодексот на однесување на ЕВН и други законски одредби. Пријавите за други работи се проверуваат само доколку значително влијаат на севкупните интереси на ЕВН.
Постапката за укажувачи има за цел да обезбеди целосно, објективно и ефикасно разјаснување на пријавените прекршоци. Очигледно лажни информации ќе бидат отфрлени. Покрај тоа, вооченото недолично однесување може да се пријави и преку е-пошта, факс, писмо, телефон или директно на офицерот за усогласеност.
Обезбедувањето на вашите податоци за контакт ни овозможува да поставиме дополнителни прашања и ја поддржува соодветната обработка на Вашата пријава. Сепак, Вашата пријава ќе биде обработена и во случај на анонимност. Заштитата на укажувачите и нивната доверливост е загарантирана во секој случај.
Покрај известувањето преку постапката за укажувачи, постои и опција за користење на заштитено јавно пријавување. Ве молиме имајте предвид дека таквите извештаи може да доведат до официјални истраги. Би сакале да ве охрабриме да го користите системот за укажувачи на ЕВН за да имаме можност соодветно да реагираме на какви било прекршувања.
Пријава на сомнение за прекршување на Кодексот на однесување на ЕВН може да извршите тука.
Контакт информации за Национален офицер за усогласност:
Ружица Панарин Паздријан
[email protected]
Лазар Личеноски 11, 1000 Скопје