Вложување во заедницата

Поради широкиот опсег на делување и спецификата на индустријата во која работи, ЕВН има обврска одговорно да делува во општеството и особено да посветува внимание на темите кои директно ги засегаат граѓаните, а се поврзани со потрошувачката на електричната енергија.

Училишен проект

ЕВН спроведе програма за едукација на најмладите за потеклото, значењето и правилното и безбедно користење на електричната енергија.

Во првата фаза, активностите се спроведуваа преку оддржување на едукативни работилници во сите училишта низ државата. Преку интерактивни методи за настава и нагледни средства кои остануваат во училиштето, децата имаа прилика да научат за изворите и видовите енергија што се користат во домовите и за тоа како безбедно и разумно да ја користат. На крајот на годината, децата учествуваа во регионални и национални квизови натпреварувајќи се со знаењето стекнато за време на посетите.

Во втората фаза се воведоа системски промени во концептот. Во сите региони на државата се оформуваа енергетски клубови кои според посебна програма во текот на целата учебна година работеа на мерки за намалување на потрошувачката на електричната енергија во нивното училиште. На крајот на годината исто така беа организирани натпревари на знаење.

Во училишниот проект во текот на десетте години од постоењето опфатени беа околу 40.000 деца од 352 училишта, формирани беа 65 клубови во 42 општини.

Изложбен центар „Матка“

Во Изложбениот центар Матка, единствен од ваков тип во државата, посетителите преку современи интерактивни реквизити и методи можат да научат повеќе за енергијата, нејзината историја, производство, преносот и користењето. Едукативните содржини се поставени во историскиот објект на старата хидроцентрала Матка, каде што гостите имаат уникатна можност одблиску да видат енергетски објект стар 80 години што сѐ уште може да биде во функција. Центарот е оформен како кулминација на напорите на ЕВН за едукација и резулат на растечката потреба од креирање на љубов на младите кон т.н. СТЕМ област (наука, технологија, инженерство и математика). Досега центарот го посетиле над 20.000 посетители од земјата и странство.

Повеќе за центарот

Едукација за енергетска ефикасност

Платформата за енергетска ефикасност се спроведе во соработка со повеќе стеикхолдери во доменот на енергетиката во државата и се состоеше од серија на едукативни активности за корисниците за зголемување на примената на енергетската ефикасност во нивните домови и бизниси. Во рамки на платформата се реализираа низа активности како работилници, семинари, настани и едукација преку социјалните медиуми. Најважен производ на платформата се двете едукативни емисии – „Енергетска азбука“ и „Енергетска математика“ кои на едноставен начин ги презентираат темите од областа на електричната енергија, нејзиното создавање и ефикасно користење.

Како последен индивидуалнен мултимедијален едукативен проект, ЕВН ја спроведе кампањата Енергијата вреди - треба да се штеди.