ЕВН е меѓународна компанија за енергетски и еколошки услуги, со седиште во Долна Австрија, најголемата покраина во Р. Австрија.
Врз основа на најсовремена инфраструктура, ЕВН домашниот пазар го обезбедува со електрична енергија, природен гас, топлина, вода за пиење и третман на отпадни води, согорување на отпад и други сродни услуги. Понатаму, компанијата во своето портфолио вбројува и кабелска телевизија и телекомуникациски мрежи, а нуди и разни енергетски услуги за приватни и деловни клиенти, како и за општини.
Енергетскиот бизнис во странство вклучува малопродажба на електрична енергија во Бугарија и Северна Македонија и на природен гас во Хрватска. Дополнително, енергетскиот бизнис вклучува производство на електрична енергија во Северна Македонија, Бугарија, и Албанија. Понатамошни деловни активности што ги извршува ЕВН се производство и трговија на мало со топлинска енергија во Бугарија, набавка на електрична енергија, природен гас и други примарни извори на енергија како и трговија на електрична енергија и гас на пазарите на големо.
Во 2003 година, врз основа на аквизиција на германската групација за еколошки услуги, ЕВН значително го прошири своето бизнис портфолио, како од аспект на производи така и на географско делување. Со тоа, ЕВН успеа да го изгради и интегрира вториот стратешки столб на своето деловно работење, сегментот на услуги за животна средина. Денес, со искуство од над 100 еколошки проекти, ЕВН може да се пофали со обемна експертиза во планирање и изградба на системи за снабдување со вода за пиење, за третман на отпадни води, одсолување, термички отпад и постројки за обработка на талог.
ЕВН моментално е активна во 14 земји. Скоро 5 милиони корисници ја покажаа својата доверба за безбедна и сигурна енергија и еколошки производи и услуги што ги нуди ЕВН. Покрај безбедното снабдување на директните корисници, постројките во рамки на еколошките услуги на ЕВН обезбедија снабдување со вода за пиење, отстранување на отпадни води и користење на термички отпад за клиенти во разни европски земји.