Доколку дојде до оштетување на некој од уредите како резултат на некој настанат дефект, потребно е да се поднесе писмено Барање за обесштетување (MKCL036) во кое ќе бидат наведенни детали за настанатата штета, како и оштетените електрични уреди. Истото се поднесува во најблискиот КЕЦ (Корисничко Енерго Центар) било кој работен ден во период од 7:30 до 15:30 часот.
Врз основа на приложеното барање, од страна на надлежните служби ќе се утврдат причините за настанување на штетата со цел констатирање на фактичка состојба. Доколку се утврди дека одговорноста за настанување на штетата е во нашите надлежности ќе се постапи соодветно.
За исходот по барањето, корисникот се известува написмено.