Практична работа

Пред повеќе од 10 години ЕВН ги отвори вратите за ангажирани и перспективни студенти кои сакаат да се стекнат со практично искуство во компанијата и да го направат првиот чекор кон идната кариера. Програмата за практиканти успешно се спроведува секоја година. Големиот број на учесници и интерес за програмата, како и фактот дека повеќе учесници се веќе вработени и се дел од тимот на ЕВН сведочат за успехот на програмата.

Кандидатите може да потекнуваат од повеќе образовни профили и може да одберат област во која сакаат да аплицираат за практикантска работа. Изборот на практиканти е по пат на телефонско, индивидуално или групно интервју. По селекцијата, практикантите се распределуваат во една од над четириесет организациски единици.

Праксата е во интервал од еден месец во летниот период во јули, август и септември, но по барање на кандидатите може да се спроведува и во други месеци во годината.

Аплицирајте на [email protected], со назнака “за пракса„