Дуално образование

Дуално образование како модел претставува решение за предизвиците со недостаок на стручен кадар. Програмата за дуално образование на ЕВН која има меѓународно признание за успех, демонстира како бизнисите треба да се вклучат во образовиот процес, за да ги доближат реалните потреби на пазарот на труд до образованието. Особен акцент е ставен на поттикнувањето на упис на ученички на оваа програма со цел намалување на јазот меѓу мажи и жени во техниката.

За програмата

Програмата за дуално образование која за прв пат започна во СЕТУ „Михајло Пупин“ Скопје во 2017 година иницијално беше насловена „20-20-20", и предвидуваше 20 ученици  електромонтери и електротехничари, во 2020 година да добијат сигурна работа во ЕВН со почетна плата од минимум 20.000 денари. По иницијалниот успех од воведувањето на паралелката во Скопје, ваква паралелка се оформи и во ОСТУ „Гостивар“, и сега оваа програма е дел од регуларното образование во двете училишта. Првата генерација ученици се веќе вработени во компанијата и извршуваат редовни работни задачи.

Реални работни задачи и сценарија

Наставната програма по која учениците ја изучуваат предметната настава е прилагодена на реалните и актуелни потреби за работа во електродистрибутивната мрежа. Со ова, по завршувањето на средното стручно образование, тие стануваат веднаш вработливи кадри, подготвени за вистинските предизвици на терен.

Менторство низ сите години

Силна компонента на програмата е и менторството, имено искусни вработени од ЕВН ги обучуваат учениците за работа на вистински сценарија и предизвици. Активната вклученост на учениците во работата на терен, низ сите учебни години, овозможува полесно совладување на работните задачи при вработувањето.

Курикулум прилагоден на вистински потреби

Во изработката на наставната програма активно учествува тим експерти од ЕВН. Секоја година наставните содржини се надградуваат и прилагодуваат на потребите за работа на терен и тековниот технолошки развој.

Надгледни средства и современи методи на учење

Во двете училишта целосно е и опремен е кабиент со богат избор на надгледни средства, а за потребите од практична работа, компанијата изгради и полигон за вежби во рамки на училиштето каде се одвива практичната настава. На учениците им е достапна и целосна опрема за заштита при работа. Компанијата обезбеди и таблет компјутери за овие ученици, а промовираше и платформа за дигитално учење „Канвас“, преку која тие имаат пристап до повеќе дигитални ресурси за учење.

Прогамата демонстира како бизнисите треба да се вклучат во образовиот процес, со цел да ги доближат реалните потреби на пазарот на труд до образованието.

Имате прашања или интерес за упис на оваа програма? Контактирајте нѐ на [email protected].

 
Галерија на слики и видеа од програмата