Интервју со Штефан Петер

 
Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија

Средношколски предизвик

ЕВН МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДУВА ПОСЕБНА ПРОГРАМА ЗА СРЕДНОШКОЛКИ. ЗА ШТО СЕ РАБОТИ?
 

Нашата компанија интензивно вложува во промовирање на родовата еднаквост во и надвор од компанијата во тек на изминатава деценија.

Со овој предизвик сакаме да ги поттикнеме младите жени да бидат повеќе вклучени во енергетскиот сектор. Развивме приспособена осумнеделна програма која комбинира дигитални и научни теми кои се најважните вештини потребни на пазарот на труд во денешно време. Би сакале да им дадеме можност на девојчињата кои учат во 3та и 4та година во средните училишта да научат нешто исклучително корисно на забавен начин со опција на крајот да бидат наградени со парична стипендија.

ЗОШТО ТРЕБА СРЕДНОШКОЛКИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ОВОЈ ПРЕДИЗВИК И КАКВИ СЕ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА?

Со учеството, ученичките ќе стекнат и развиваат вештини за иднината, како што се креативност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми и стекнување или надградба на нивните дигитални вештини. Тие исто така ќе имаат пристап до едукативни материјали за обновлива енергија. Очекуваме ученичките да бидат мотивирани да го продолжат своето образование и кариера во СТЕМ областа што претставува кратенка од Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM - Science, Technology, Engineering, and Mathematics), каде би придонеле за поголема разновидност и квалитет во повеќе научни области.


КОЈА Е ИДЕЈАТА ЗАД ПРЕДИЗВИКОТ, КАКВО Е ВАШЕТО ИСКУСТВО ВО ОВАА ОБЛАСТ?
 

Се наоѓаме на пазар со недостаток на таленти поради одливот на мозоци во други земји. Резултатот е силна конкуренција за истиот талент во повеќе индустрии и дополнително мал број жени кои претставуваат половина од населението со техничко образование. За ефективно да се справиме со овие прашања, работиме со младите долго пред тие да излезат на пазарот на труд. Имаме многу сеопфатни програми за да ги мотивираме девојчињата и младите жени од сите возрасни групи да продолжат со технички кариери, вклучувајќи технички музеј, работни денови во кои се носи детето на работа, иницијативи за стручна обука развиени заедно со три средни технички училишта. Еден од нашите најголеми успеси е програмата за приправници за дипломирани студенти, која со многу труд забележа еднаква застапеност на жените и мажите во последните години.

ЗОШТО ИЗВРШНИТЕ ДИРЕКТОРИ И ПОВИСОКИТЕ МЕНАЏЕРИ ТРЕБА ДА ДАДАТ ПРИОРИТЕТ НА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ?

Родовата еднаквост, различноста и вклученоста треба да бидат водечки вредности за секој бизнис. За жал, треба уште многу да работиме за да стигнеме до тоа. Како извршен директор, си го поставувам како моја одговорност не само да ја водам организацијата, туку и да се погрижам да ги имаме вистинските вредности. Ако сакате да направите промена, треба да застанете зад неа како водач. Но, сите водачи можат да го поддржат унапредувањето на жените на работното место преку насочени мерки како менторство, програми за кариерен развој и разговори за добивање повратни информации. Најважно е да се осигураме дека жените можат да стигнат до водечки позиции и дека ја добиваат истата видливост и моќ за одлучување како и нивните колеги од спротивниот пол.

Предизвик за средношколки
„Приклучок за вештини”
Информирај се и пријави се најдоцна до 10.04.2023!
Пријави се!