ЗОШТО ТРЕБА СРЕДНОШКОЛКИТЕ ДА УЧЕСТВУВААТ ВО ОВОЈ ПРЕДИЗВИК И КАКВИ СЕ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА?
Со учеството, ученичките ќе стекнат и развиваат вештини за иднината, како што се креативност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми и стекнување или надградба на нивните дигитални вештини. Тие исто така ќе имаат пристап до едукативни материјали за обновлива енергија. Очекуваме ученичките да бидат мотивирани да го продолжат своето образование и кариера во СТЕМ областа што претставува кратенка од Наука, Технологија, Инженерство и Математика (STEM - Science, Technology, Engineering, and Mathematics), каде би придонеле за поголема разновидност и квалитет во повеќе научни области.