Предизвик за средношколки „Приклучок за вештини”

Зошто го организираме овој предизвик?

Речиси една декада ЕВН Македонија интензивно инвестира во унапредување на родовата рамноправност во компанијата и надвор од неа. Наша цел е да поттикнеме што поголема вклученост на жените во енергетскиот сектор и на сите хиерархиски нивоа во нашата компанија.

Преку овој предизвик ќе им помогнеме на учесничките да ги развијат вештините кои ќе им бидат потребни за нивната иднина, како креативност, тимска работа, критичко размислување, решавање проблеми и да стекнат или ги надградат своите дигитални вештини.

Зошто да учествувате?

  • Ќе ги развиете и унапредите вештините за индивидуална и тимска работа
  • Ќе добиете платена обука во времетраење од 8 недели за развој на дигитални вештини
  • Ќе стекнете дополнително знаење за енергетиката особено за обновливите извори на енергија
  • Ќе се инспирирате при избор на област за студирање
  • Ќе имате можност за вмрежување за почеток на кариера во енергетиката

Што да очекувате?

Кој може да учествува?

Сите ученички од трета или четврта година од сите средни училишта ќе можат да се пријават поединечно и/или како тимови по 3 учеснички.

Времетраење

8 недели во периодот април - јуни 2023

Награди

За победниците предвидена е парична награда од 100.000 денари по учесник во форма на годишна стипендија за време на I-вата година студии.

Информирај се и
пријави се!

Најдоцна до 10.04.2023 на:


Превземи Согласност за обработка на лични податоци 1

1)
  • Согласноста потпишана и пополнета, да се испрати во скенирана форма на мејл predizvik@evn.mk или да се прикачи во формуларот подолу
  • Доколку се работи за малолетно лице, Согласноста задолжително да биде потпишана од родител
Enter security code:
 Security code

Средношколски предизвик

Интервју со Штефан Петер Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија

Прочитај повеќе
Со кликање на копчето "Се согласувам", се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Тие се опишани во нашата политика за колачињаПолитика за приватност