Секојдневниот живот, со сите негови моменти, е незамислив без стабилна и сигурна електрична енергија. Во пулсот на секој дом, училиште, болница, фабрика, од звукот на кафематот наутро, па сѐ до светлината на ноќната ламба, се крие енергија што ја движи нашата заедница. Таа ги буди утрата и ги осветлува ноќите, преку неа се создаваат идеи, се оживуваат соништа и се отвораат нови перспективи за иднината.
Ова е нашата приказна за одговорност, развој и постојана грижа за корисниците.
Заедно со вас во малите моменти, кои многу значат. Со енергија што го исполнува животот и ја осветлува иднината.