ЕВН Македонија, АД Скопје е компанија која нуди услуги поврзани со енергија и на македонскиот пазар е активна од 2006 година. Дел е од ЕВН АГ Групацијата, водечки европски бренд за услуги во доменот на енергијата и животната средина. ЕВН во изминатите години инвестираше околу 700 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.
ЕВН е неразделен дел од македонското општество и активно се залага за економскиот, социјалниот и еколошкиот напредок на земјата. Како општествено одговорна компанија, посебно внимание обраќаме на заштита на животната средина, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди долгорочен одржлив успех. Во таа насока се и нашите напори да ги следиме светските трендови поврзани со обновливите извори на енергија како и на развојот на технологијата во оваа област.
ЕВН Македонија претставува поголемо семејство компании кои ги обединуваат истите вредности за врвна корисничка услуга и оддржливост во секој поглед.
ЕВН Хоме снабдува со електрична енергија над 800.000 корисници. Поточно, ЕВН Хоме ја извршува улогата на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај. ЕВН Хоме во континуитет ја подобрува услугата кон корисниците, особено во делот на дигитализацијата. Пример е корисничкиот портал ЕВН онлајн што постојано се надградува е точка каде што се нудат интегрирани дигитални услуги.
ЕВН Снабдување нуди висококвалитетни услуги на корисниците кои се снабдуваат со електрична енергија на отворениот пазар. Стабилен и сигурен партнер, со конкурентни и фер цени, ЕВН Снабдување преку својот мотивиран експертски тим на бизнисите им нуди производи кои им овозможуваат флексибилност и долгорочен раст.
ЕВН Електрани е компанија за производство на електрична енергија. Управува со 11 мали хидроцентрали, сите ревитализирани и целосно автоматизирани. Нивната вкупна инсталирана моќност изнесува 47 MW, a на годишно ниво обезбедуваат електрична енергија за околу 20.000 домаќинства.
ЕВН Електрани e во процес на финализација на проектите за изградба на фотоволтаични централи, а моменталната инсталирана моќност на овие капацитети е 20 MWp.
Целокупното производството на електрична енергија од ЕВН Електрани се обезбедува исклучиво од обновливи извори на енергија, што значи дека компанијата целосно се придржува кон концептот за одржлив и обновлив развој.
Електродистрибуција управува со дистрибутивната мрежа и со тоа ја извршува дејноста дистрибуција на електрична енергија. Со цел обезбедување на стабилно снабдување на корисниците со електрична енергија, воведени се низа мерки. Распространети се дежурни екипи за отстранување на дефекти кои дејствуваат брзо и ефективно и континуирано се инвестира во унапредување на квалитетот на мрежата и намалување на загубите. Електродистрибуција е посветена на модернизација на процесите и услугите, притоа давајќи силен акцент на дигитализацијата. Електронската платформа на Електродистрибуција претставува централен услужен портал за корисниците на компанијата каде што тие комплетно електронски можат да се приклучат на електродистрибутивната мрежа. Во иднина на оваа платформа во континуитет ќе се надоградува опсегот на услуги.