За одјава на броило за одредено мерно место, потребно е корисникот да поднесе пополнето и потпишано барање (MKAX033) или на електронската адреса: [email protected] или во најблискиот КЕЦ (Кориснички Енерго Центар) било кој работен ден од 07:30 – 15:30 часот.
Во прилог на барањето потребно е да приложи уплата за бараната услуга согласно официјалниот Ценовник за услуги, а по нејзино подмирување ќе се пристапи кон реализирање на барањето.
*Со одјава на броилото во предметниот објект нема да има електрична енергија, а за мерното место нема да се изготвуваат фактури за електрична енергија.
**доколку се бара активирање на мерно место за постоечкиот објект, каде што, додека било одјавено броилото, не е вршено реновирање, надградба и сл. корисникот може да поднесе барање за пријава на одјавено мерно место.
***доколку корисникот сака да се активира мерното место, а во меѓувреме по одјавата има вршено доградба, реновирање или изградил нов објект, тогаш потребно е да поднесе барање за нов приклучок (БСП-1 образец).