Со законот за Енергетика, како и со Правилата за снабдување со електрична енергија и Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на електрична енергија за 2021, дефинирани се обврските на Операторот на Дистрибутивниот Систем (Електродистрибуција) како и Снабдувачот на Универзална Услуга (ЕВН Хоме) во поглед на третирањето на корисниците кои спаѓаат во категорија на ранливи потрошувачи на електрична енергија.
Имено, за корисник да биде евидентиран како ранлив потрошувач потребно е да достави Потврда или Решение од центар за социјална работа дека е корисник на гарантирани минимална помош или социјална сигурност за стари лица во надлежен Кориснички енерго центар (КЕЦ) и да пополни Барање за упис во евиденција на ранлив потрошувач на енергија и користење на мерки за заштита.
Со доставување на потврдата корисникот ќе може да користи една или повеќе од предвидените мерки за заштита на ранливите потрошувачи.