Цената на електричната енергија за корисниците кои се снабдуваат од ЕВН Хоме, согласно Законот за енергетика, се определува согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај донесен од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Цената по која снабдувачот во краен случај ги снабдува големите потрошувачи кои останале без снабдувач со електрична енергија се пресметува со примена на следнава формула:
𝐶𝑚 =1,4∙𝐶𝑚,МЕМО
каде што:
𝐶𝑚 - Цена по која снабдувачот во краен случај ги снабдува големите потрошувачи кои останале без снабдувач со електрична енергија во месецот m, MKD/MWh
𝐶𝑚,МЕМО - цена за електрична енергија на пазарот „ден однапред“ на организираниот пазар на електрична енергија на Република Северна Македонија за секој час од месецот за кој се однесува пресметката, ден/MWh.