За сите стандардни приклучоци висината на надоместокот за приклучок е дефинирана согласно Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и зависи од напонското ниво на приклучување (се одредува како производ на одобрената едновремена моќност во kW и цена за kW).
Износот на приклучокот се плаќа согласно ценовникот за услуги.
За нестандардните приклучоци висината на надоместокот за приклучок се одредува како збир од трошоци за изградба на приклучокот согласно индивидуален проект и трошоци за создавање на технички услови во дистрибутивниот систем (производ на одобрената едновремена моќност (во kW) и цената за kW одобрена од Регулаторната комисија за енергетика).