Според Законот за Комунални такси, комунална такса се наплатува за секое активно броило и прибраните средстава на месечно ниво се префрлаат од страна на ЕВН Хоме/ Електродистрибуција до соодветната општина.
Доколку во населеното место нема улично осветлување потребно е корисникот да се обрати во општината и да побара Одлука од Советот на општината, Советот на општините во градот Скопје и Советот на градот Скопје да биде ослободен од комуналната такса. Одлуката за ослободување се приложува во најблискиот кориснички енерго центар (КЕЦ) по што комуналната такса се иззема од фактурите за електрична енергија.