За да се спроведе промена на корисник на мерно место, потребно е корисникот да пополни и потпише формулар-Барање MKAX021, и да достави соодветна документација:
- имотен лист не постар од 6 месеци или
- купопродажен договор заверен на нотар;
- договор за закуп заверен на нотар;
- наследно решение и сл.
- документ за идентификација на увид (само доколку поднесува документација лично во КЕЦ) и ДРД образец од Централен Регистар (само за правни лица).
*доколку корисникот има само преддоговор за купопродажба, потребно е да достави и записник за примопредавање или согласност од моменталниот носител на броилото дека може да се изврши промена на име на барателот.
Доколку предметниот објект се води на повеќе сопственици/наследници, покрај барањето и наведената документација потребно е да се потпише и Изјава од сите сопственици дека се согласуваат едниот сопственик да биде евидентиран како корисник на мерното место.
Целокупната документација може да се достави на на електронската адреса: [email protected] или во најблискиот КЕЦ (Кориснички Енерго Центар) било кој работен ден од 07:30 – 15:30 часот. Доколку барањето е успешно спроведено ќе биде известен само новиот корисник, а доколку не ќе бидат известени сите подносители. Рокот за спроведување на барањето е 15 дена.
Напомена: За спроведување на барањето за промена на корисник потребно е да биде наведен датумот на поднесување на барањето како и да се пополнети/штиклирани полињата кои се обележани како задолжителни.