evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > Traen nalog

Сакате ли да ги пресконете долгите редици?
Одберете траен налог за плаќање на сметките и бидете секогаш на ред!

ЕВН Македонија започнува заедничка кампања со банките за користење на трајниот налог како алатка за редовно да ги плаќање на сметките за потрошена електрична енергија.
Плаќањето преку траен налог бара минимален ангажман на корисникот, а за возврат значи сигурно редовно подмирување на долговите за електрична енергија.

Со избирање на трајниот налог, се здобивате со следниве поволности:
- не морате да чекате ред за плаќање
- не морате да ја чекате фактурата да ви пристигне по пошта
- избегнување на камата за задоцнето плаќање
- избегнување на исклучување поради неплатена сметка
- учество во наградни игри организирани од ЕВН Македонија

Склучувањето на траен налог е едноставно и брзо. Се’ што треба да направите е да отидете во најблиската експозитура на вашата банка и да склучите договор за траен налог.
За да ви ја олесниме процедурата, развивме унифициран формулар за оваа намена, функционален во повеќето банки.
Однесете го пополнет во Вашата банка, и процедурата ќе биде уште пократка!
Формуларот можете да го преземете тука, а достапен е и во сите наплатни места и приемни канцеларии на ЕВН Македонија.


Како функционира трајниот налог?

По потпишувањето на трајниот налог, Вашата банка за ова ќе ја информира ЕВН Македонија. Точно на денот на доспевање на наредната фактура, ЕВН Македонија ќе испрати барање за одбивање на средства во висина на фактурата за потрошена електрична енергија.
Доколку имате доволно средства на Вашата сметка, барањето се процесира и банката испраќа повратна информација за успешна трансакција до ЕВН Македонија.
Истата процедура ќе се повторува со секоја наредна пристигната сметка за електрична енергија.

Формулар за траен налог

Со потпишување на трајниот налог, се согласувате на денот на доспевање на фактурата да имате доволно средства на Вашата трансакциска сметка. Доколку на денот на доспевање на фактурата немате доволно средства, трајниот налог за таа фактура нема да се реализира и ќе морате да ја платите во банка/пошта или на наплатните места на ЕВН Македонија.

Така, со користењето на трајниот налог можете да бидете сигурни дека Вашите обврски кон ЕВН Македонија ќе бидат навремено подмирувани и нема да дојдете во ситуација да бидете исклучени поради неплатен долг.

Дополнителни информации за трајниот налог во банките може да најдете на следниве линкови:

http://www.nlbtb.com.mk/default.aspx?mId=66&lId=1
http://www.stb.com.mk/traen-nalog-za-plakjanje-.nspx
http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2630&lang=1&uc=1&par=0
http://www.ohridskabanka.mk/smetki.nspx
http://www.sparkasse.mk/plakjanje-na-smetki-bez-nadomest.nspx