evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Вие сте тука: > Медиуми > Наградна игра

Стапнете на „Среќно поле“ заедно со Сашко Коцев!

Нова наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи



ЕВН Македонија повторно ќе ги наградува корисниците кои редовно ги плаќаат сметките за електрична енергија. Овојпат, најсреќните корисници ќе учествуваат во телевизиско шоу каде преку игра на среќа ќе имаат можност да добијат вредносен ваучер за енергетско - ефикасни апарати, во вредност од најмалку 6 000, до најмногу 100 000 денари како главна награда.

Како да учествувам во наградната игра?
Се’ што треба да направите е да ги плаќате Вашите сметки за електрична енергија редовно и во рок.
Право на учество во наградната игра имаат сите домаќинства и мали бизнис корисници кои редовно и во рок ги подмириле своите долгови за електрична енергија во моментот кога се врши извлекувањето. Посигурна шанса за учество имаат корисниците кои го имаат одбрано трајниот налог како опција за плаќање на сметките за електрична енергија, поради неговата предност за автоматско затворање на долгот во рокот за плаќање. Во секоја емисија учество ќе земат тројца најсреќни корисници. Еден од нив ќе биде со сигурност корисник што плаќа со траен налог. По електронски пат на крајот на секоја емисија ќе се избираат учесниците за наредната. Вкупно се избираат тројца официјални и петорица резервни учесници, во случај првите да не се во можност да учествуваат.

Каде и кога се емитува наградната игра?
Наградната игра со име „Среќно поле“ ќе ја води актерот и шоу-мен Сашко Коцев, а со емитување започнува на 12.01.2013 година, во 13:30 часот на МТВ1 и репризно издание на МТВ2 со превод на албански јазик. Ќе се емитува секоја втора сабота на истата фреквенција се' до 20 јули, со можност за продолжување. Резултатите од секое коло ќе бидат објавувани и во најмалку два дневни весници и во овој дел на веб сајтот на ЕВН Македонија.
Првата емисија на „Среќно поле“ ќе има хуманитарен карактер во која својата среќа ќе ја испробаат Калиопи, Индира Кастратовиќ и Зоран Љутков, а добиените награди ќе ги донираат на децата штитеници на невладината организација „Дајте ни крилја“.
ЕВН Македонија ја наградува лојалноста на своите корисници. Редовното плаќање на сметките за електрична енергија секоја година им носи награди на голем број корисници.

Детални правила на наградната игра.



Резултати од извлекувањата

Емисија 1. 12.01.2013 (Хуманитарна емисија)

Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 26.01.2013.


Емисија 2. 26.01.2013

Видео од емисијата тука.

Учесници за следната емисија 09.02.2013.


Емисија 3. 09.02.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 23.02.2013.


Емисија 4. 23.02.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 09.03.2013.


Емисија 5. 09.03.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 23.03.2013.
 

Емисија 6. 23.03.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 06.04.2013.


Емисија 7. 06.04.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 20.04.2013.


Емисија 8. 20.04.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 04.05.2013.


Емисија 9. 04.05.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 18.05.2013.


Емисија 10. 18.05.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 01.06.2013.


Емисија 11. 01.06.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 15.06.2013.

Емисија 12. 15.06.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 29.06.2013.

Емисија 13. 29.06.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 13.07.2013.

Емисија 14. 13.07.2013
Видео од емисијата тука.
Учесници за следната емисија 20.07.2013.

Емисија 15. 20.07.2013
Видео од емисијата тука.