Групација
EVN AG е водечка интернационална компанија за енергетика и инфраструктура со седиште во Долна Австрија. Како групација во пораст EVN AG активно учествува во можностите за развој на Централна и Источна Европа и врз основа на најмодерни инфраструктурни решенија на своите корисници им нуди струја, гас, топлинска енергија, вода, термичка преработка на отпад и други услуги. Компанијата котира на Виенската берза и е присутна во 21 земја.

Бизнис сегменти
Производство
Во деловната година 2011/2012 EVN AG има остварено е производство од 3000 GWh. По процесот на производство компанијата користи земјен гас, јаглен и нафта, а забележан е значителен пораст во произвотството на енергија од обновливи ресурси од хидроцентрали и ветерници.
Мрежна инфраструктура во Австрија
Развиена мрежа за дистрибуција на струја и гас во Долна Австрија. Кабловска телевизија и телекомуникациска мрежа во Долна Австрија и Бургенланд.
Трговија и снабдување со електрична енергија
EVN AT се занимава со обезбедување на основни енергетски потреби, снабдување на крајни корисници во Австрија и Германија, тргување со електрична енергија, производство и продажба на топлинска енергија во Австрија. Продажбата на енергија изнесува околу 16 TWh годишно.
Снабдување со енергија во Југоисточна Европа
Дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Бугарија и Македонија со продажба од 13 TWh годишно. Производство и продажба на топлинска енергија во Бугарија и проект за изградба на мрежа за природен гас во Хрватска.
Инфраструктурни сервиси
Снабдување со вода за пиење, третман на отпадни води и согорување на отпад во Австрија. Интернационален бизнис проект за снабдување со вода за пиење, третман на отпадни води и согорување на отпад во 16 земји во Централна и Југоисточна Европа.
Стратешки инвестиции и останати активности
- VERBUND
- RAG
- Burgenland Holding