evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија го спроведе планот за прилагодување на броилата

26.10.2017


Тимовите на ЕВН Македонија завршија со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила.
Согласно планот, прилагодувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое прилагодено броило се покажува Т2 индикатор во периодот од 14:00 до 16:00 часот секој работен ден и сабота.
И покрај тоа што нашите тимови ги посетиле сите мерни места, потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможи спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила. Ова значи дека броилата до кои немавме пристап, сеуште не се прилагодени, а тие се најчесто викендици или моментално иселени корисници.
ЕВН Македонија во наредните недели ќе продолжи со прилагодување на останатите броила кои беа недостапни, како дополнителен план за спроведување на дневната евтина тарифа.

> назад