evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија ја почна неделата на новогодишни донации

23.12.2019


Последната недела во годината, ЕВН Македонија ја посветува на новогодишните донации. На новогодишните подароци денеска се радуваа деца на семејства во социјален ризик и деца со попреченост. Во соработка со „Црвен крст“ , на децата и семејствата од Скопје, Струмица, Битола, Гостивар, Куманово, Кичево и Штип им беа поделени 500 новогодишни пакетчиња. Под мотото „Да споделиме радост“, ЕВН и Црвениот крст ги организираа овие хуманитарни настани во повеќе градови низ земјава, а централниот настан се оддржа во Скопје во салата на Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“. Над 200 деца добија подароци од Дедо Мраз и проследија новогодишна претстава од актерската екипа на Снежана Коневска Руси. „Соработката на ЕВН со Црвениот крст, вообичаено кулминира за Новогодишните празници. Од гледна точка на најмладите овие мали подароци имаат големо значење, бидејќи без нив празниците не се комплетни. Чинот на дарување нас возрасните не освестува за важноста на улогата која ја играме во светот на децата, а овој свет мора да биде исполнет со љубов и среќа. Децата многу повеќе учат од примерите што им ги даваме преку нашите дела, отколку од тоа што се трудиме да ги научиме со зборови. Затоа, одговорни сме во овој момент да подаруваме, за да ги научиме на љубов и дарежливост. “ рече г-а Ленче Карпузовска, ЕВН Македонија. Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвен Крст на Град Скопје изрази благодарност до ЕВН, волонтерите на Црвениот Крст и хуманитарните здруженија кои беа дел од овој настан. „ ЕВН е наш силен поддржувач во организацијата на хуманитарната акција „Да споделиме радост“. Празниците се моменти кога имаме радост, спокој, кога имаме љубов и дарувања. Токму со денешниот настан сакавме да покажеме дека сите заедно можеме да направиме празниците да бидат убави за секого“,рече г-а Тунева Пауновска. Во празничната недела ЕВН ќе донира пакети со храна за Македонската православна црква (МПЦ), за Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква за социјално ранливите семејства.
> назад