evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




ЕВН Македонија е предводник на „Целите за одржлив развој“

23.06.2021


ЕВН Македонија е добитник на наградата „Предводник на Целите за одржлив развој“. Компанијата аплицираше со проектот за дуално образование, односно програмата „20-20-20“ што се спроведува во средни технички училишта во Скопје и Гостивар. Проектот е во насока на исполнување на целта за одржлив развој – „Квалитетно образование“. ЕВН Македонија беше избрана како добитник на наградата од страна на комисијата за евалуација, составена од професионалци од областите на општествената одговорност, одржлив развој и меѓу-секторски партнерства. Наградите се доделија од страна на здружението „Конект“ во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор во Северна Македонија“. „Нашата компанија е пионер во спроведувањето на ваков вид на програма во земјата. Нашиот пример веќе го следат и други бизниси. Компаниите треба да инвестираат во формалното образование со цел подобрување на квалитетот на самото образование, а истовремено и создавање на конкурентна и вредна работна сила на пазарот на труд. Дуалното образование е инвестиција во иднината на младите. На учесниците во програмата им нудиме вработување веднаш по завршувањето на образованието, што е значајно за намалувањето на младинската невработеност.“ изјави г. Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Инаку проектот за дуално образование се спроведува од 2017 година. Првата генeрација на ученици веќе го завршија образованието и 15 од нив работат во ЕВН. Програмата е дел од редовното образование во училиштата СЕТУ „Михајло Пупин“ и ОСТУ „Гостивар“. Наставата се одвива на македонски и албански јазик, учениците учат во целосно опремен кабинет за предметна настава, а практичните вежби ги реализираат под менторство на вработени од ЕВН на специјално опремен полигон во училиштето но и на терен. Во јавниот повик учествуваа компании и поединци од компании кои вложуваат во практиките за општествена одговорност и заедницата и придонесуваат кон исполнување на најмалку една од вкупно 17 цели за одржлив развој.
> назад