evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Центар за поддршка на младите во Шуто Оризари

10.05.2013


ЕВН Македонија и Црвениот Крст го промовираа центарот за поддршка на младите во Шуто Оризари на ул. “Метохиска”. Во овој центар локалното население ќе добива грижа и подршка во здравството, образованието и енергетската ефикасност.
 
Пред локалното население од Шуто Оризари центарот го отворијаМинистерот за труди социјална политика г-дин Спиро Ристевски, г-дин Игор Гиевски - Член на Управниот одборна ЕВН Македонија и г-дин Саит Саити - Генерален секретар на Црвениот Крст на Р. Македонија. 
 
Министерот Ристевски и Генералниот секретар Саити изразија благодарност за големата поддршка што ЕВН Македонија ја дава за проектот со кои им помагаат на локалното население од Шуто Оризари активно да се вклучи во надминувањето на социјалните проблеми. Министерството ќе продолжи да биде стратешки партнер на ЕВН и Црвениот Крст во сите проекти кои се во интерес на граѓаните од социјално ранливите заедници, рече на отворањето на центарот министерот Спиро Ристевски.
 
ЕВН Македонија се залага за подобрување на квалитетот на живот на корисниците од социјално загрозените категории, па затоа отворањето на ваков центар во Шуто Оризари е повеќе од потребно за да може да им се помогне на овие граѓани, рече г. Игор Гиевски.
 
Во Центарот за поддршка на младите ЕВН Македонија ќе може на локалното население да му понуди и помош во едукацијата за енергетска ефикасност. Потребата од отварање на ваков Центар произлезе по спроведувањето на програмата за “Заеднички развој на заедницата” на Црвениот крст и ЕВН Македонија во 2011 и 2012 година. Сега младите од локалната заедница во Шуто Оризари ќе имаат можност да бидат вклучени во акции за поттикнување на волонтерството и да организираат најразлични корисни активности со кои ќе го исполнат нивното слободно време.
> назад