evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Реконструкција на дистрибутивната мрежа во скопските населби Топанско поле, Радишани и Визбегово

27.09.2013


ЕВН Македонија ги реализираше проектите за реконструкција на дистрибутивната нисконапонска мрежа на клучните точки во скопските населби: Топанско поле и Визбегово и среднонапонска мрежа во реонот на нас. Радишани.
Во населбите Топанско поле и Визбегово ЕВН целосно ја реконструираше нисконапонската мрежа во должина од 19 000 м. Сите дрвени столбови се заменети со нови бетонски, зголемен е капацитетот на дистрибутивните ТС, целосно се сменети приклучните кабли до корисниците и поставени се нови мерни уреди во новопоставени мерни ормари.
Со реализацијата на вториот дел од проектот за модернизирање на дистрибутивната мрежа во Визбегово и Топанско поле се подобруваат напонските прилики и се воведува ред и сигурност во снабдувањето за над 2 000 корисници.
Реконструкцијата на среднонапонската мрежа во населбата Радишани ќе донесе квалитетно и сигурно снабдување за 20 000 корисници од ова населен место и с.Љуботен, с.Љубанци, с.Раштак, с.Булачани и с.Црешево. Реконструиран е 10кв среднонапонски далноводот во должина од 4 200м. Оформени се два нови изводи од напојната трафостаница ТС Радишани 35/10кВ со што е извршена прераспределба на товарите од овој реон и селекција на населбите и селата. Стариот далновод е целосно демонтиран и трафостаниците се веке префрлени на новопоставениот среднонапонски кабел. Се очекува снабдувањето со електрична енергија во овој реон да биде постојано, квалитетно, со подобрени напонски прилики и пред се доверливо и сигурно.
Овие проекти се дел од Мастерпланот на ЕВН Македонија за мореднизирање на дистрибутивната мрежа во земјава и инвестицијата изнесува 1 300 000 евра. 
 

> назад