evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Реконструкција на дистрибутивната мрежа во општините Аеродром, Кисела Вода, Студеничани и Центар

24.09.2013


ЕВН Македонија ги реализираше проектите за реконструкција на дистрибутивната мрежа на клучните точки во општините Аеродром, Кисела Вода, Студеничани и Центар.

Најголемиот и најкомплексен проект е реализиран во општина Центар со положувањето на четири нови изводи од трафостаницата „Југ Нова“ (ТС 110/35/10kV) со нови кабли (NA2XS(F)2Y) со пресеци двојно поголеми од постојните и вкупна должина од 11.000 метри. Вкупниот капацитет на сите четири изводи е 40MW, што е моќност доволна да напојува над 100.000 домаќинства и сите индустриски и неиндустриски објекти во центарот на градот, вклучувајќи ги и објектите од проектот „Скопје 2014“. Покрај ново положените кабли, направена е реконструкција на дел од постоечките кабелски делници, изградени се нови и зголемен е капацитетот на старите дистрибутивни трафостаници (10/0,4кV). Со целиот овој зафат е обезбедено сигурно и непрекинато напојување во центрот на Скопје, во кој се наоѓаат поголем дел од објектите на јавните институции и објектите од големо значење за Републиката.

ЕВН Македонија обезбеди и стабилизирање на напонската состојба и посигурно снабдување со електрична енергија и за корисниците од Кисела Вода со поставувањето на новите две врски од ТС „Југ Нова“ (110/35/10kV) до ТС „Кисела Вода“ (35/10kV) и со реконструкцијата и доизградбата на дистрибутивната межа на клучните точки во оваа наслеба.

Проблемите со напојувањето на 450 домаќинства на улицата Ѓорѓи Капчев во општина Аеродром стануваат минато со изградбата на новата компактно-бетонска трафостаница и поставувањето на новата мрежа на среден и низок напон. Нова трафостаница, реконструкција на постојните, целосна замена на старата нисконапонска мрежа и изградба на нова ги подобрија и условите за снабдување со електрична енергија на жителите на с. Студеничани.
 

> назад