evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Реконструкција на дистрибутивната мрежа во Шуто Оризари

24.01.2013


ЕВН Македонија го реализираше првиот дел од проектот за целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Шуто Оризари. Обновена е нисконапонската мрежа од трафостаницата Шуто Оризари 10. Старата и недоверлива мрежа, (постара од 30 години) со неизолирани и дотраени проводници кои беа потенцијална опасност за избувнување на пожари, заменета е со нова.

Дрвените столбови кои се наоѓаа во објектите на потрошувачите се дислоцирани, односно заменети со нови бетонски столбови поставени надвор од имотот на потрошувачите. Поставен е нов магистрален (главен) нисконапонски вод во должина од 1 600 метри, нови приклучни кабли за потрошувачите во должина од 14 000 метри, подигнати се 30 нови бетонски столбови, поставени се 45 специјални мерно разводни ормари за електични броила. Во целиот проект се инвестирани 7.500.000 денари или над 120.000 евра.

Проектот беше реализиран за корисниците од ул. Брсјачка буна, дел од ул. Виетнамска, дел од ул. Гарсија Лорка, дел од ул. Гвадалахара, ул. Морава, ул. Патрис Лумумба, ул. Антон Дворжак.
Годинава е предвидено да се реализира и вториот дел од проектот за реконструкција на нисконапонската дистрибутивна мрежа со што ќе се зголеми сигурното и квалитетно снабдување со електрична енергија на корисниците во Шуто Оризари.
 

> назад