evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Реконструкција на дистрибутивната мрежа во Визбегово

30.01.2013


ЕВН Македонија изгради нова трафостаница и ја реконструираше дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Визбегово. Обновена и доизградена е мрежата на средно и нисконапонско ниво со што е зголемен квалитетот на напојувањето и напонските прилики.
Изградена е среднонапонска кабелска мрежа во должина од 200 м, нова компактно бетонска трафостаница 10(20)/04 со енергетски трансформатор со моќност 1000 KWA, нисконапонска мрежа во должина од 10 660 м. и подигнати се 272 бетонски столба.
За подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето кај корисниците се поставени 27.450 м. нови приклучни кабли, 139 специјални мерно разводни ормари и монтирани се 520 електронски броила. ЕВН Македонија во модернизирање на мрежата во Визбегово инвестираше над 600.000,00 евра. Вториот дел од проектот со што во целост ќе се заокружи реконструкцијата на мрежата во Визбегово ќе продолжи и во 2013.
 

> назад