evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Продолжува модернизирањето на дистрибутивната мрежа за електрична енергијa

28.11.2012


ЕВН Македонија преку групата за Стандардизација на опрема и материјали, постојано врши осовременување и модернизирање на среднонапонската мрежа со вградување на „Далечински управуван прекинувач за надворешна монтажа – Recloser“.
Со овој уред се надминуваат проблемите за корисниците во дистрибутивната мрежа во тешко пристапните региони. Автоматскиот прекинувач има задача во случај на дефект предизвикан од невреме на надземниот вод, автоматски да го исклучи делот на водот на кој се појавил прекинот.
Доколку дефектот е помал со повторното вклучување на автоматскиот прекинувач се нормализира снабдувањето. Но ако се работи за посложен дефект и бара интервенција на екипите на ЕВН, без електрична енергија не останува целиот регион туку само делот каде се случил дефектот.
Во тек е поставување на aвтоматски прекинувач – Recloser во кратовскиот регион, предходно беа модернизирани мрежите во кочанскиот, велешкиот и скопскиот регион. До крајот на годината новата опрема ќе биде воведена во СКАДА системот на Диспечерскиот центар на ЕВН и ќе бидат ставени во комплетна функција на далечинско командување и управување.
Во новата опрема ЕВН Македонија инвестира над 250 000 евра. Идната година според инвестицискиот план ќе се поставaт уште седум aвтоматски прекинувачи со што ќе се зголеми доверливоста и квалитетoт на снабдувањето со електрична енергија на корисниците.

> назад