evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Признание за меѓу - коморска соработка за ЕВН Македонија

14.12.2012


Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г. Вернер Хенгст доби посебно признание за меѓу-коморска соработка на членовите на Стопанската комора на Македонија која е најголема бизнис асоцијација во земјава. Признанието г. Хенгст, го доби за својот личен ангажман во континуираниот развој на отворениот дијалог и решавањето на отворените прашања во снабдувањето со електрична енергија на членките на комората. Претседателот на Стопанската комора, г. Бранко Азески, му го врачи признанието на г. Хенгст на официјалната церемонија на Балканско Турско Германскиот бизнис совет.
Интеркомпаниската соработка продолжува со активностите насочени кон информирање на претставниците на индустријата за поголема примена на енергетската ефеикасност, како проект кој ќе им овозможи на компаниите намалување на трошоците по единица производ со што ќе се зголеми нивната конкурентност. ЕВН Македонија ги промовираше и развојните планови за надминување на присутните тесни грла и подобрување на снабдувањето на корисниците со електрична енергија во повеќе развојни региони во земјава.
 

> назад