evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Поголем дел од најпроблематичните охридски и струшки населени места добија електрична енергија

04.01.2015


Најпроблематичните населени места во охридскиот и струшкиот регион добија електрична енергија. Во текот на ноќта и раните утрински часови нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на ЕВН Македонија работат на санирање на дефектите кон граничниот премин Ќафасан, заедно со месното население се подигнуваат паднатите столбови во с. Мислодожда. Во Охрид, Струга, Ресен и во повеќе села од овој регион екипите на ЕВН ги санираат помалите прекини на ниско-напонската мрежа.
Новиот 10 кВ далекувод во реканскиот крај е во завршна фаза на поставување. Низ новоподигнатите столбови се поставуваат проводниците и изолаторите и се премостува врската низ Дебарско езеро. Се работи интензивно за да се нормализира снабдувањето со електрична енергија на селата во реканскиот крај. Пробивањето на екипите на ЕВН до местата на дефектите сеуште е отежнато, голема помош имаат од екипиоте на МВР со санки со што времето за пристигнување на критичниуте места е скратено. За работа на дистрибутивната мрежа ангажирани се над 230 електромонтери. Екипите ќе останат на терен се додека и најоддалечените места и последниот корисник не бидат снабдени со електрична енергија.
 

> назад