evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Поголема ефикасност и конкурентност на компаниите преку

12.09.2013


Претставници од над 100 компании денеска учествуваа на Работилницата за унапредување на енергетската ефикасност кај претпријатијата. На работилницата која се одржа во рамките на „Платформата за енергетска ефикасност“ што ја организираат ЕВН Македонија и Министерството за економија, учество земаа експерти од академската заедница, претставници од финансиски институции кои финансираат вакви проекти, претставници од компании кои имаат реализирано вакви проекти, како и претставници од останати компании и од останати релевантни субјекти.
 
Целта на работилницата е компаниите да ја зголемат примената на енергетската ефикасност во своето работење и на тој начин да станат поефикасни и поконкурентни. Компаниите кои веќе ги имаат имплементирано овие принципи ги истакнаа придобивките, предностите и конкретните ефекти.
 
Претставниците на Министерството за економија ја презентрираа стратешката рамка на Република Македонија со осврт на секторот индустрија како и законодавствството во истата област, додека претставниците на ЕВН Македонија ги претставија можностите за поддршка во примената на енергетската ефикасност.Учесниците на работилницата ги поздравија и министерот за економија, Ваљон Сараќини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст.
 
„Енергетската ефикасност е со исклучителен потенцијал и тоа не само од аспект на намалување на потрошувачката, туку и како потенцијал за отворање на нови бизниси кои ќе нудат производи и услуги поврзани со оваа област“, истакна Хенгст.
 
„Примената на енергетската ефикасност во работата на претпријатијата директно ќе придонесе кон намалување на трошоците и, што е најважно, кон подобрување на конкурентноста на компаниите на домашните и странските пазари. Министерството за економија и понатаму активно ќе работи кон унапредување на законодавството според новите потреби и ќе го поддржува македонскиот бизнис сектор преку сите расположливи механизми, во насока на подобрување на неговата конкурентност, бидејќи тоа е основа за поголем развој на економијата“, изјави министерот Сараќини.

Според првиот Акционен план за енергетска ефикасност и Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност, се предвидува постигнување на национална индикативна цел за заштеди на енергија во финалната потрошувачка од 9% до 2018 година споредено со просечната потрошувачка на енергија во периодот 2002-2006 година. За постигнување на овие цели се преземаат низа мерки во сите сектори на финална потрошувачка на енергија, вклучувајќи го и секторот индустрија.
 
Платформата за енергетска ефикасност како долгорочна стратегија беше промовирана минатата година. Во рамките на оваа платформа се реализираше едукативна работилница за медиумите, телевизиски и принт пораки за масовна комуникација, а дел од оваа платформа е и едукативната емисија „Енергетска азбука“.
 
> назад