evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Плаќање на сметките за електрична енергија преку Интернет

04.11.2013


Новата услуга Е-ПУНКТ на ЕВН Македонија на корисниците им овозможува онлајн плаќање на фактурите за електрична енергија, со која било кредитна или дебитна картичка без провизија.

Со оваа услуга брзо, лесно и сигурно ќе може да се платат заостанатите или тековните фактури, трошоците за повторен приклучок, како и други долгови, без никаква провизија. Корисниците кои имаат повеќе броила, може да ги групираат во сопствениот профил и ќе имаат преглед на сите трошоци на едно место. Услугата е наменета за физички лица.

За креирање на кориснички профил на веб-страницата www.evn.mk потребно е да се внесе корисничкиот број, бројот на фактурата за електрична енергија и електронската пошта на корисникот. Понатаму, при секоја регистрација, корисникот ќе добива детален увид во сите трошоци, во секое време од денот. Со Е-ПУНКТ, корисниците имаат можност да ги избегнат каматите за задоцнето плаќање и да не се грижат за пристигнувањето на фактурите.

Онлајн плаќањето е одлична можност за оние корисници кои патуваат често или живеат во странство, а имаат имот во Македонија, но и за сите оние кои досега имаа навика да плаќаат со кредитни картички во наплатните места на ЕВН Македонија. Со Е-ПУНКТ корисниците ќе заштедат време, пари и енергија, а во исто време ќе имаат целосен увид на сите трошоци.

> назад