evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Оштетената мрежа на ЕВН Македонија во тетовскиот регион е санирана

04.08.2015


Екипите на ЕВН Македонија ја санираа оштетената мрежа во тетовскиот регион кој во текот на на вчерашниот ден го зафати силно невреме. Вонредно силните врнежи и ветрот предизвикаа значителни оштетувања на електродистрибутивната мрежа, а со тоа и прекини во снабдувањето на електрична енергија.

Корисниците во тетовското градско подрачје и од останатите пристапни места во регионот повторно имаат напојување со електрична енергија, благодарејќи на напорите на екипите на ЕВН Македонија од Тетово кои за справување со последиците од невремето добија засилување од колегите од околните градови.

Поради невремето, голем број на столбовите беа пандати, а електричните кабли искинати. Без електрична енергија останаа селата: Шипковица, Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Фалише, Ѓермо, Нераште, Голема Речица, Пирок, Џепчиште.

Во регионот околу с. Шипковица и с. Нараште, во завршна фаза е санацијата и инспекцијата на целиот среднонапонски вод преку кој се снабдува овој регион. Се очекува во во текот на денот да се врати напојувањето со електрична енергија и во овие населени места.

Засилените екипи на ЕВН Македонија во Тетово и понатаму остануваат на терен, вложувајќи големи напори и покрај тешко пристапните терени успешно да ја завршат санацијата на преостанатите дефекти.
 

> назад