evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Нов Управен одбор на ЕВН Македонија

12.01.2015


Нов претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија е г-дин Штефан Петер, а негов заменик е г-дин Харалд Дамерер. Тие на овие позиции доаѓаат по истекот на договорите на претходниот менаџмент на г-дин Вернер Хенгст и г-дин Волфганг Шефер.
Г-дин Штефан Петер има завршено студии за менаџмент со технички проекти и процеси, а на Универзитетот во Виена и Универзитетот за бизнис и економија во Минесота завршил МБА студии. Својата кариера во ЕВН ја започнал во 2001 година во одделот за набавки. По двегодишно раководење на одделот за набавки на ЕВН Бугарија, г-дин Петер е назначен за менаџер на одделот за набавки во ЕВН АГ во септември 2007. Тој во 2010 станува прокурист на EVN AG, а во септември 2012 дополнително e назначен за директор на Кабелплус, телекомуникациска компанија на ЕВН Групацијата.
Г-дин Хaралд Дамерер има дипломирано на техничка школа за технички инженеринг, а во 2012 има завршено и МБА студии. Г-дин Дамерер е вработен во ЕВН во 1989 и има дипломи за инженеринг во електротехника и гас/вода. Истовремено има управувано со повеќе Кориснички енерго центри во Австрија, а бил и ментор при воспоставувањето на КЕЦ структурата на ЕВН Бугарија.
Како трет член на Управниот одбор на ЕВН Македонија и натаму останува Д-р Игор Гиевски кој на оваа позиција е назначен од септември 2010 година.
> назад