evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Новогодишна претстава и пакетчиња за над 1000 деца низ цела Македонија

20.12.2012


ЕВН Македонија и Црвениот крст ја почнаа новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која за над 1000 деца од Македонија ќе биде организирана прослава и ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња.
Децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од 13 градови низ земјава од 20-ти до 30-ти декември 2012 година ќе имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, фотографирања со Дедо Мраз и новогодишни пакетчиња.
Акцијата почна од Скопје со новогодишната претстава во Македонскиот народен театар организирана за над 300 деца. По претставата новогодишните пакетчиња на децата им ги поделија претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија г. Вернер Хенгст, Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија г. Саит Саити.
„Нова Година е време на прослава и радост и така треба да биде за сите деца. ЕВН Македонија и оваа година повторно носи насмевки на нивните лица со новогодишна претстава и пакетчиња. Заедно со Црвениот крст ќе посетиме 13 градови во Македонија каде што на илјадници деца ќе им посакаме среќни празници и ќе им ја пренесеме пораката дека за празниците ќе се радуваме заедно “, изјави г. Хенгст.
Хуманитарната акција на ЕВН Македонија и Црвениот крст од 24 декември продолжува во Куманово, Битола, Гостивар, Кавадарци, Тетово, Гевгелија и други градови низ земјава.

> назад