evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Новогодишен караван на ЕВН Македонија - Подароци за најмладите, помош за социјално загрозените

28.12.2012


Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ЕВН Македонија реализираше серија на донации за деца од повеќе училишта и домови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во Македонската православна црква и Исламската верска заедница.
Со искрени желби за среќна нова година и со соодветни подароци, Управниот одбор ги посети Домот за деца без родители „11 Октомври”, училиштето за деца со посебни потреби „Златан Сремец” како и децата од ромскиот едукативен центар „Сумнал” во Скопје. Празнични пакетчиња им беа поделени и на децата од СОС Детското село, како и на социјално загрозените дечиња од општина Шуто Оризари. Претставници на компанијата ги посетија и „Домот за доенчиња” во Битола и регионалниот центар за деца со посебни потреби во Демир Капија и во Банско - Струмица.
ЕВН Македонија заедно со Црвениот крст ја реализира и новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која над 1500 деца од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од 13 градови низ земјава, од 20-ти до 30-ти декември 2012 година, имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, пакетчиња и фотографирања со Дедо Мраз.
> назад