evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Нови досиеjа за крадците на електрична енергија

29.08.2013


ЕВН Македонија за една недела комплетираше нови 10 досиеjа за неовластено користење електричната енергија. Новите откриени корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење. Овие корисници како и предходно откриените 35 од почетокот на месец август влегуваат во судска постапка по која ризикуваат покрај високата парична казна да заработат и затворска казна во таење до 5 години.
Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица од почетокот на месец август открија 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. Откриени се и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета која што ја направиле крадците изнесува 6,5 милони денари или 1 милиони kWh.
Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ќе ги продолжат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите.
Од почетокот на годинава ЕВН Македонија откри 1200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ или крадците потрошиле 20 милони киловатчаса електрична енергија.

> назад