evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Нова трафостаница во општина Липково

20.12.2012


ЕВН Македонија ја пушти во употреба новата трафостаница во с. Слупчане - општина Липково. Новата 400 kVa (киловат-ампери) трафостаница ќе овозможи посигурно снабдување со електрична енергија на жителите и индустрискиот комплекс во месноста Слупчански Бунари во с. Слупчане.
На свеченото пуштање под напон на трафостаницата во с. Слупчане присуствуваа Министерот за економија г. Ваљон Сараќини, претставници од локалната самоуправа и ЕВН Македонија.
„Со изградбата на овој енергетски објект ќе се растовари снабдувањето со електрична енергија и на корисниците од с. Опае и другите населени места во овој регион и ќе се подобри сигурноста во снабдувањето со електрична енергија во Липковскиот регион“ рече министерот за економија г. Ваљон Сараќини.
„Покрај сигурното снабдување на посотечките корисници, новата трафостаница дава можност и за приклучување на нови стопански објекти на дистрибутивната мрежа со што ќе се овозможи индустриски развој на овој регион“ посочи г. Лирим Сулејмани од ЕВН Македонија, раководител на Корисничкиот Енерго Центар Куманово.
За изградба на новата трафостаница во с. Слупчане и среднонапонската мрежа во должина од 1500 метри инвестирани се 4 милиони денари.
Во 2013 година, ЕВН Македонија ќе продолжи со инвестирање во дистрибутивната мрежа во Кумановскиот и Липковскиот регион со цел подобрување на напонските прилики и сигурноста во снабдувањето со електрична енергија.

> назад