evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Населените места во Центар Жупа добија електрична енергија

03.01.2015


Трафостаницата Центар Жупа од вечерва е под напон. Пуштени се 10 Кв изводи кон трафостаниците во селата во Центар Жупа. Над 95 % од населените места во овој крај добија електрична енергија.
Во екстремно лоши услови екипите на ЕВН Македонија со над човечки напори работат на санираање на поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер, по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. 
Вечерва поголем д
ел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река, Крушје и оптимистички се најавите дека до полноќ под напон ќе биде и населеното место Грнчари.
Во охридскиот регион електрична енергија добија Долно и Горно Лакочереј, Климештани, дел од Мешеишта и Требеништа, а сите дефекти на 10 кВ далекувод кај Велестово и Крушје се отстранети и вечерва или во раните утрински часови ќе биде нормализирано снабдувањето. Во струшкиот регион нормализирано е снабдувањето во Горно и Долно Татеши, Љубаништа, Октиси, и Боровец.
Во Делогожда и Радожда екипите на ЕВН и жителите на овие села заеднички се пробиваат до завеаните столбови и ќе се работи до доцните ноќни часови. Во струшкиот регион од ноќеска и раните утрински часови под напон се Калишта, Франгово, Радолишта, Феришта, Дреслаица, Мороишта, Ложани, Ливади, Биџево, Вевчани и Велешта.
Критични точки во снабдувањето сеуште има во дебарскиот регион и екипите на ЕВН Македонија интензивно работат на отстранување на дефектите. Во струшкиот регион на потегот околу Луково и Јабланица столбовите се тешко пристапни и екипите на ЕВН тешко се пробиваат до нив, но, и вечерва и утре ќе се работи на тоа да се нормализира снабдувањето. Најкритични се селата во Дебарскиот регион во Реканскиот крај на потегот од Жировница до Бошков мост, каде комплетно е уништена дистрибутивната мрежа, и 35 кВ и 10 кВ далекувод.
На овој потег се прави една нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба, но двата затегнувачки столба кои ја прават врската преку Дебарско езеро се урнати од ветрот и снегот и заедно со проводникот се во езерото. Вечерва и во утрешниот ден со специјализирани екипи и чамци ќе се постават два нови столба и ќе се премостува врската низ езерото.
> назад