evnmk.navigation.logo.text

evnmk.navigation.logo.text
Shqip  |  English  |  Контакт  |  EVN AG




Надградба на билинг софтверот на ЕВН Македонија

29.04.2013


Со цел подобрување на квалитетот на услгите на своите корисници, ЕВН Македонија планира надградба на постоечкиот билинг софтвер. За оваа цел ќе се искористат 2-ри, 3-ти и 4-ти мај 2013 година, кога фреквенцијата на наплатните пунктови на ЕВН Македонија е намалена поради претстојните празници.

Поради планираните активности за надградба на билинг софтверот, на 2-ри, 3-ти и 4-ти мај наплатните пунктови на ЕВН Македонија ќе бидат затворени, додека приемните канцеларии ќе бидат отворени во работните денови и ќе можат да ги прифаќаат сите барања од корисниците, кои ќе бидат обработени по имплементација на надградбата.

Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во експозитурите на Македонска Пошта и во сите комерцијални банки во земјава.

На располагање остануваат телефонскиот броj за информации (0890 12345) во Центарот за односи со корисници, електронската адреса за информации и интернет страната на ЕВН Македонија.
Барањата и прашањата ќе бидат грижливо евидентирани и одговорени во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија. Надградбата е со цел подобрување на услугите што е примарна цел на ЕВН Македонија.

> назад